А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седницата за уставни измени одложена за утре

by А1он10/01/2019 - 16:2010/01/2019 - 16:27328
Share0

Седницата за уставните измени, која беше закажана за денеска, по неколку обиди и презакажувања не успеа да се одржи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека е презакажана за утре на пладне.

Во меѓувреме премиерот Зоран Заев ќе продолжи со координативните состаноци со Беса на Билал Касами и пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, се остава простор за уште еден обид за постигнување договор на премиерот Заев со Беса на Касами откако претпладнево не успеале да најдат решение за прецизна формулација на државјанството, како што бараат од оваа албанска опозициска партија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Неофицијално еден од предлозите околу кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“ во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“, по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Со овој предлог неофицијално би се интервенриало во уставниот закон, но тоа не било прифатливо за пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Габриела Димковиќ-Мишевска

sobranieustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 10:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео