Седницата за распуштање на Собранието прекината

Од:

По барање на координаторите на СДСМ и ДУИ, спикерот Талат Џафери ја прекина 137 собраниска седница на која единствена точка на дневен ред е одлуката за распуштање на Собранието.

Тие бараат прво да се закаже 131 седница, на која се измените во законите за аудио и аудио визуелни услуги, за заштита на лични податоци и за инспекторатот. По завршување на оваа седница, ќе продолжи седницата на која пратениците ќе гласаат за предлог одлуката на спикерот Талат Џафери за распуштање на Законодавниот дом. За дискусија се имаат пријавено шест пратеници.Во Собранието службите ги подготвуваат материјалите, а продолжението на седницата е закажано за 15 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции