ВИДЕО: Седницата за јазиците започна со жестока расправија помеѓу мнозинството и опозицијата

Од:

Продолжението на 15. седница во Собранието каде точка на дневен ред е законот за јазици започна со жестока расправија помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од собраниската говорница изјави дека законот е против уставен и дека власта воопшто не го зема во предвид мислењето на граѓаните.

– Вие од СДСМ сметате дека со резултатите од локалните избори можете да правите што сакате. Јасно е зошто овој закон го криете под превезот на европското знаменце, рече Лашкоска.

Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска на оваа изјава возрвати со реплика во која кажа Законот за јазиците е Уставен и дека е важно да се донесе бидејќи тоа остана единствен дел од Рамковниот договор кој не е реализиран.

– Граѓаните на избори кажаа што мислат за овој Закон. Доколку биде донесен овој Закон, македонскиот јазик нема да биде загрозен, рече Лазаревска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска