Седница на Уставниот суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница изрази сомнеж и поведе постапка за оценување на уставноста на член 81, став 4 од Законот за лековите и медицинските помагала. Оваа законска одредба предвидува „основач на аптека да може да биде само лице со завршено високо образование од областа на фармацијата или трговско друштво во форма на трговец поединец ДОО или ДООЕЛ, чии основачи се лица со завршено високо образование од областа на фармацијата“.

Дилемата на Судот е зошто основачот на аптека мора да има завршено високо образование од областа на фармацијата, бидејќи ги стеснува можностите кој да биде основач на аптека.
Судот не поведе постапка за иницијативата поднесена на член 28 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Со овој член се регулира кога не може да се спроведе референдум на државно ниво. Според Судот иницијативата е неоснована, односно овој член не може уставно да се проблематизира.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Седница на Уставниот суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница поведе постапка за член 176, став 4 од Законот за енергетика, кој предвидува член на Прекршочна комисија од областа на енергетиката да може да биде разрешен од Комисијата доколку додека членува во неа биде осуден со правосилна судска одлука за кривично дело.

Поведувањето на постапката е затоа што предвидувањето граѓанин да трпи последици надвор од последиците определени со правосилната судска одлука всушност значи законодавецот да се меша во судската власт во врска со санкција, а воедно да трпи и ограничување на неговите слободи и права надвор од оние определени со судска пресуда.

Судот поведе постапка и за член 176, став 5 од овој Закон, кој предвидува право на награда за член на Прекршочна комисија и покрај тоа што тоа лице е вработено во Министерството за економија, како и во ситуација кога делокругот на работа на таа комисија е делокруг на самото Министерство за економија. Судот поведе постапка бидејќи предвидувањето награда за нешто што е редовна работа на вработениот и на Министерството го отвора прашањето дали таквата законска одредба е во согласност со владеењето на правото.

Судот не поведе постапка за член 176, став 4, точка 6 од овој Закон, кој предвидува член на Прекршочната комисија да може да биде разрешен од членството во комисијата ако со правосилна судска одлука, значи доколку суд утврди прекршување на прописите за водење на прекршочната постапка. Неповедувањето на постапката е затоа што Судот оцени дека ваквата одредба е во врска со водењето на прекршочната постапка од страна на самата комисија, па доколку суд утврди дека е прекршена постапката постои оправдана причина за разрешување на членот на комисијата.

Судот на седницата расправаше и не поведе постапка за член 7, ставовите 1 и 2 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, кој се однесува на клевета и навреда.

На денешната седница не беше поведена постапка за три члена од Законот за основното образование, за член од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а беа отфрлени иницијативите поднесени на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите.

Во однос Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги, донесен од директорот на АЕК во март 2011 година, Судот не поведе постапка.

Судот по расправата оцени дека одредбите од Правилникот им ги појаснуваат правата на граѓаните, а ги уредуваат начинот и постапката за остварување на законските права, па при таква состојба Правилникот е во функција на спроведување на законот и не излегува од неговите рамки, поради што не поведе постапка.

Судот не поведе постапка и за една одредба од Колективниот договор за средно образование, донесен 2009 и менуван и дополнуван три пати досега, која определува дека Колективниот договор се склучува на неопределено време.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он