Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница расправаше по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку законски одредби.

Судот не поведе постапка за иницијативата поднесена на член 17, став 1, точките 2 и 4 од Законот за државјанството на Република Македонија донесен во 1992 година и дополнуван три пати, како и за член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија.

На денешната седница Судот не поведе постапка за член 10, став 3 од Методологијата за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад донесена во 2013 година.

Судот не поведе постапка и за Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Трета МУБ“, дел од Урбан блок 48 – дел 5, Плански опфат меѓу улиците „Миле Кипра“, „Перо Шварц“ и  „Перо Чичо“ во општина Куманово, број 07-4152/14, донесена од Советот на општина Куманово на 26 јуни 2013 година.

Судиите на седницата ја отфрлија иницијативата за одредбите од Правилникот за вреднување на работните места и определување на плата и надоместоци на плата на АД „Макпетрол“ Скопјe, донесен 2013 година од Управниот одбор на АД „Макпетрол“.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска

Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на Законот за катастар на недвижности, бидејќи оспорените одредби од Законот престанале да важат во 2008 година.

Судот ја отфли и иницијативата поднесена на Законот за јавните службеници и тоа одредбата во која се определува дека вработените во наука се сметаат за јавни службеници, затоа што утврди дека веќе ја оценувал таа одредба на 9-ти мај оваа година при што го поништил оспорениот дел од овој Закон. Судот ја отфрли одредбата бидејќи таа не е веќе дел од правниот поредок.

Судиите ја отфрлија иницијативата поднесена на Одлуката на Владата на Република Македонија од 2006 година, со која се организира Јавното претпријатие ГАМА како Акционерско друштво ГАМА АД – Скопје. Отфрлањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука е затоа што Судот утврди дека оспорената одлука е поединечен акт, а не е пропис со кој на општ акт се уредуваат права и обврски на граѓаните што не е од надлежност на Уставниот суд.

Во однос на Правилникот на Министерството за финансии со кој се уредуваат формата, содржината и вредноста на адвокатските маркички, Судот по расправата одлучи да не поведе постапка затоа што оцени дека содржината на Правилникот не излегува надвор од законските рамки.

Судот денеска расправаше и за Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје во јуни 2012 година.

Одлуката е оспорена од скопјанецот Слободан Близнаковски од аспект на постапката на донесувањето, односно дека пред да се донесе Одлуката од Советот на Градот не биле обезбедени мислења од сите 10 општини од подрачјето на Градот и дека некои од донесените мислења од општините до Градот биле дадени од ненадлежен орган, а не од Советот на општината.

Судот заклучи дека треба да се обезбедат докази за тоа дали има мислења од сите 10 општини на Градот и дали мислењата се од Советот на општините или од други органи на општините, и со расправата да продолжи на првата седница наредна недела.

Судиите ја отфрлија иницијативата поднесена на Одлуката донесена од Собранието на доверители на Приватната здравствена установа Градска аптека Скопје, затоа што утврдија дека оспорениот акт е поединечен акт, а не пропис од надлежност на Уставниот суд на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска донесени во Кривичниот суд

Александар Тодески

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска