Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше и одлучуваше за пет закони и два подзаконски акти.

Судот поведе постапка за две одредби од Законот за јавни службеници донесен 2010 година и шест пати дополнуван. Во членот 25, став 1 се предвидува јавниот службеник да е должен да ја чува класифицираната информација на начин утврден со закон. Поведувањето е во делот „и со друг пропис“ затоа што само со закон можат да се уредуваат прашања во врска со класифицираните информации, а не и со подзаконски акти. Во однос на член 68, алинеа 6 со која се предвидува на јавниот службеник да му престане вработувањето и во случај ако органот на државната управа надлежен за инспекцијата на трудот утврди дека јавниот службеник е вработен спротивно на одредбите на овој закон. Поведувањето е затоа што законот не определува во колкав временски опфат би можел да биде предметот на оцена од страна на надлежна комисија дали постапката на вработувањето е спроведена законито. Судот не поведе постапка за седум одредби од овој закон, а за една одредба ја отфрли иницијативата.

На денешната седница Уставниот суд не поведе постапка за член 25, став 2 од Законот за извршување донесен 2005 година и 10 пати дополнуван.

Судот не поведе постапка за осум члена од Законот за здравствена заштита донесен 2012 година и дополнуван три пати, а истовремено за шест члена од овој закон Судот ја отфрли иницијативата.

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за измените на 10 члена од Законот за следење на комуникации кои измени се направени во 2008 година.

Судот ја отфрли иницијативата за две одредби од Законот за катастар на недвижности донесен 2008 година и четири пати дополнуван, бидејќи Законот престанал да важи со донесувањето на новиот Закон за катастар на недвижности во 2013 година.

На денешната седница Уставниот суд поведе постапка за тарифата со која се утврдува висината на надоместокот за извршени геодетски работи донесена од Управниот одбор на Агенцијата за катастар за недвижности во 2011 година. Поведувањето е затоа што тарифата е донесена врз основа на Законот за катастар на недвижности од 2008 година, а во 2013 година е донесен нов Закон, при што рокот за продолжување на тарифата донесена по стариот закон, изминал во октомври 2013 година. Во новиот закон нема донесена тарифа со што продолжила да важи старата, а според новиот закон изминал рокот на старата тарифа, па таа тарифа останува без законски основ.

Судот ја отфрли иницијативата на одликата на Советот на Општина Струга од декември 2013 во која се става во мирување на ДУП-от донесен за период од 2010 до 2015 година. Инцијативата е отфрлена бидејќи одлуката има еднократно дејство, ставање во мирување, со што одлуката не преставува пропис со кој се уредуваат права и обврски.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница укина три члена од Законот за супервизија на осигурувањето, донесен 2012 година и дополнуван пет пати досега.

Одредбите предвидуваа основач на друштво за осигурување, лице кое бара дозвола за застапување во осигурување и лице кое бара дозвола за вршење на осигурително-брокерски работи при поднесување на барањето за добивање дозволи за овие три дејности да мора да поднесат и потврда од надлежна институција дека редовно ги плаќале јавните давачки.
Укинувањето е затоа што според Уставот секој има обврска да ги намирува јавните давачки, а неплаќањето на јавните давачки се извршува преку присилни законски механизми. При таква состојба неплаќањето на јавни давачки не може да се поставува како услов за добивање дозволи бидејќи таквиот услов ги доведува во прашање остварувањата на определени уставни слободи и права како што се правото на работа, достапноста на секое работно место на секого под еднакви услови…

Со овие законски одредби се доведуваат во прашање уставните вредности, бидејќи се определува услов да се платени јавните давачки и за тоа да се достават потврди. Со тоа законодавецот излегол надвор од уставните рамки и навлегол во слободите и правата на граѓаните, поради што Судот ги укина. Одлуката е донесена едногласно.

На дневен ред на денешната седница оспорени беа 13 члена од Законот за здравствена заштита, донесен во март 2012 и неговите измени од ноември 2012. Притоа, Судот поведе постапка за четири члена од Законот, за седум члена не поведе постапка, а за два члена ја отфли иницијативата.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он