Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на денешната седница расправаше за уставноста на два закони и три подзаконски акти.

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 4а и 21в од Законот за регистрирање на готовински плаќања во кој се предвидува купувачот да нема обврска да ја плати цената на услугата доколку продавачот не му издаде фискална сметка, како и глоба од 20 евра за купувачот доколку не побара сметка.

Постапката е поведена затоа што пропишување обврски за купувачот во ситуација кога продавачот како даночен обврзник не ги извршува своите обврски за плаќање на данок, не обезбедува да владее правото и не обезбедува слобода на пазар и претприемништво. Судот досега два пати интервенирал на одредби од овој Закон.

На денешната седница Уставниот суд не поведе постапка за член 22-б, став 2 од Законот за денацонализација. Во кој се предвидува плаќање на надоместок, а не враќање на градежно неизградено земјиште на кое со урбанистички планови е предвидено да се гради добро во општа употреба, објекти од јавен интерес или објекти за потребите на одбраната и безбедноста. Судот оцени дека ваквата законска одредба не е неуставна, имајќи предвид дека може да се ограничи приватната сопственост кога е во јавен интерес.

Уставниот суд не поведе постапка за членовите 14, 15 и 17 од Правилникот на фондот за здравствено осигурување кои се однесуваат на начинот на контролирање од страна на Фондот на јавните и приватни здравствени установи кои имаат договор со фондот за давање здравствени услуги.

Судот ја отфрли иницијативата од Правилникот на Министерството за одбрана, поточно за управување со кадри во военото разузнавање донесен во 2008 година. Иницијативата е отфрлена затоа што тој Правилник е внатрешен акт и нема дејства надвор од Министерството.

Судот ја отфрли иницијативата поднесена од граѓанин која се однесува на Одлука за привремено вршење на погребални услуги од страна на ЈП за Комунални услуги „Коминалец“-Гевгелија. Судот утврди дека овој акт не е пропис под належност на Уставниот суд со оглед дека се однесува на конкретно Јавно претпријатие и со привремено траење.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше за одредби од еден закон, за два општински прописи и за две барања на граѓани-поединци за заштита на слободи и права.

Судиите расправаа за 10 одредби од Законот за парничната постапка, донесен 2005 година и дополнуван три пати досега. За пет одредби Судот одлучи да не поведе постапка, а за останатите пет одлучи да ги отфли иницијативите бидејќи за тие законски правила веќе се произнесувал.

Судот расправаше, но не поведе постапка по иницијативата за Деталниот урбанистички план за општина Тетово, донесен во јануари 2012 година, а ја отфрли иницијативата за Одлуката на Советот на Македонска Каменица од август 2012 година, бидејќи утврди дека содржината на Одлуката се однесува на конкретно барање, а тоа не е од негова надлежност.

Судиите ги орфрлија и двете барања за заштита на слободи и права поради немање процесни претпоставки за постапување по нив. Станува збор за Барање на Фросина Ташевска – Ременски од Скопје, со кое таа бара заштита на слободи и права поради дискриминација по основ на политичка припадност. Второто барање е од Славчо Деспотов од Делчево, кој бара заштита поради дискриминација, како и заштита на слободата на уверувањето, мислата и јавното изразување на мислата, повредени со решение на Основниот суд во Виница и Апелацсикиот суд во Штип во врска со имотен спор од мала вредност.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on