Седница на Управниот одбор на Здружението на судии

Од:

Понудениот пакет-мерки за платите на судиите и останатите додатоци на плата треба да се прифати со оглед на фактот дека тој нуди системско решавање на ова прашање, но треба да се обезбедат соодветни формални гаранции за исполнување на оваа понуда, односно договор, заклучил Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ) на денешната 24-та седница.

Од Управниот одбор ќе достават предлог-мерки до Владата со кои бараат веднаш да се формира работна група од Министерството за правда, Министерството за финансии и ЗСРМ, која ќе пристапи кон изготвување на законски решенија за измени и дополнувања на Законот за плати на судиите во делот на коефициентот за утврдување на платите на судиите и основицата за пресметување на платите.

Бараат да се пристапи кон исплата на две заостанати побарувања на додатоци на плата за 2016 година, со што ќе се покаже спремност за реализација на пакетот мерки.

– Расправајќи по информации од членовите на Управниот одбор, Здружението на судиите, остро ги осудува евентуалните притисоци кои се насочени кон судиите, во однос на нивната одлука за начинот на остварување на правата за додатоци на плата, и смета дека тие се контрапродуктивни и не доведуваат до суштинско решавање на ова прашање, се наведува во соопштението од ЗСРМ.

Управниот одбор, како што е наведено во соопштението, уште еднаш го афирмира ставот дека платите и останатите примања по основ на плата, се лични и поединечни права на судиите и за истите тие треба да одлучат поедниnечно, при тоа, имајќи предвид понудениот пакет од страна на Владата на РМ, начинот и времето за остварување, но, секако и перспективата на отворениот дијалог и можните трајни решенија во полза на судиите.

Седницата на УО на ЗСРМ е одржана по средбата на претседателот на Здружението, Џемали Саити во придружба на претседателите на четирите апелациски судови во Владата и добиените произнесувања од подружниците во однос на овие разговори и понудениот пакет-мерки за решавање на ова прашање.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски