Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања денеска ги прифати во прво читање дополнувањето на Законот за техничка инспекција и измените на Законот за Државен пазарен инспекторат.

Со предлог дополнувањето на Законот за техничка инспекција се предлага проширување на надлежностите на инспекцијата и во делот на работните односи.

– Се работи за мали, но по својата суштина мошне значајни дополнувања на Законот. Се предлага освен надлежностите што ги има техничката инспекција да и се доверат и надлежности во делот на работните односи и во делот на преземање на мерки при констатирани неправилности во однос на пријавување на работниците и во однос на задолжителното социјално осигурување, образложи Анета Димовска од Министерството за економија.

За пратениците се работи за важни промени со кои се очекува да се обезбеди поголема сигурност на работниците.

– Се проценува дека 152 илјади лица се неформално вработени и би требало со овие измени тоа да се дорегулира, истакна Ѓорѓи Коџобашиев.

Со Предлог-измените на Законот за Државен пазарен инспекторат се создава основа Инспекторатот да врши и надзор над преземените обврски на работодавачот во однос на пријавувањето на работникот и неговото задолжително социјално осигурување. Доколку се констатираат неправилности, Инспекторатот согласно законот ќе може да преземе соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска