Седница на Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 66. седница.

На дневен ред се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, сите во второ читање.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, по скратена постапка, Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данокот од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје, во прво читање.

Треба да бидат разгледани Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-законот за индустриски – зелени зони, Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог-законот за медиуми, сите во прво читање.

На 66. седница треба да бидат разгледани и повеќе други закони во прво читање, ратификации на договори и годишни извештаи.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска