Седница на Извршниот одбор на СДСМ: Се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните

Од:

Синоќа се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на којашто, како што информира партијата на дневен ред била актуелната состојба во земјава, по воената агресива врз Украина.

„Се разговараше за мерките за заштита на стандардот на граѓаните и економијата, за спречување на ценоцен шок и справување со последиците од глобална енергетска криза. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, информираше дека Владата внимателно го следи состојбите дома и надвор и навреме презема соодветни мерки за да се зачува стандардот на граѓание и економијата“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните треба да бидат спокојни, како членка на НАТО нашата безбедности и сигурност е гарантирана. Земјата има задоволителна количина прехранбени производи, нафтени деривати во стоковите резерви. Со преземените мерки на Владата не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи.

Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, институциите продолжуват со снабдување на државните резерви а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви. Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи.

Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.

Согласно одлуката на членовите на Извршниот одбор, на оваа седница, Дарко Каевски е избран за портпарол на СДСМ, по изборот на Костадин Костадинов за градоначлник на Струмица“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата