Седница на Државната изборна комисија

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница треба да разгледа известување од Државниот инспекторат за локална самоуправа, како и упатствата за примена на член 165 став 3 од Изборниот законик и за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид.

На дневен ред на седницата се и барањата за добивање овластување за набљудување на Локалните избори 2017 година, поднесени од амбасадите на Руската Федерација и на Република Албанија во Скопје и од Центарот за разбирање и институционална соработка – ЦРИС Скопје.

Треба да биде разгледано и барањето за неприфаќање извршување должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинска изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште