Седница на Централен одбор на СДСМ: Миле Зечевиќ избран за шеф на изборниот штаб

Од:

Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во проширен состав.

Членовите на Централниот одбор и претседателите на Општинските организации на партијата дискутираа за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на спроведување реформи во државата во интерес на граѓаните и донесоа неколку одлуки во пресрет на локалните избори.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во обраќањето пред членовите на ЦО потврди дека партијата е целосноподготвена за убедлива победа на претстојните локални избори.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е фаворит на локалните избори. Граѓаните ги препознаа новите политики, новите вредности, кои носат повисок животен стандард, повеќе пари кај граѓаните, професионални и независни институции. Со победата на СДСМ на локалните избори, почнатиот процес на реформи ќе продолжи и на локално ниво. Општините ќе работат за граѓаните. Решавањето на нивните проблеми на локално ниво ќе станат реалност. Македонија ќе оди напред како едно општество за сите„ потенцираше Заев.

На денешната седница Централниот одбор ја потврди позицијата дека СДСМ останува отворена за можен коалиционен настапна локалните избори со други политички партии врз основа на принципи и вредности коишто ги штитат граѓанските и државните интереси. Со оваа одлука на Централниот одбор се отвора простор за политички разговори, врз принципиелни основи, за можна соработка на СДСМ со други партии на локалните избори.

На почеток на седницата, за претседавач со Централниот одбор беше избран Пеце Мирчески.

Во контекст на престојните локални избори Централниот Одбор на СДСМ го избра Миле Зечевиќ за Шеф на Изборниот штаб, кој беше реизбран и како Организационен секретар на партијата.

Дејан Павлески, членовите на ЦО го избраа за претседател на Комисијата за изработка на програмата за локалните избори.

Централниот одбор оцени дека досегашната работа на Владата на Република Македонија дава видливи резултати. Наследените проблеми од минатата власт се решаваат етапно, Македонија постигнува успеси на меѓународен план, се спроведуваат мерките коишто ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните, ќе ја покачат минималната плата, ќе обезбедат поголема транспаретност и отченост на власта и ќе обезбедат напредок на државата, во интерес на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски