Седница на Централен одбор на ДОМ

Од:

Централниот одбор на ДОМ дененска на последна седница со сегашниот состав усвои Предлог извештај и програма на ДОМ, како и Предлог состави на органите кои ќе бидат поднесени на Третиот конгрес.

Како што соопштуваат од партијата, одлучено е да се поддржи Предлог програмата во која се нагласени зелените заложби на партијата кои и во наредниот период треба силно да се промовираат и да се наметнат како политички теми во општеството, промоција на нови и веќе докажани кадри, како и потребата за посилно афирмирање на партијата во семејството на европските зелени партии. Усвоени беа и предлог измените и дополнувањата на Статутот на ДОМ.

Предлогот Лилјана Поповска да биде кандидат за претседател на партијата беше донесен едногласно. Усвоени се и предлозите за новите состави на Централниот и Надзорниот одбор.  Во составот на новиот Централен одбор една третина се од Младинската организација и  исто така застапен е и родовиот баланс.

Третиот конгрес на ДОМ ќе се одржи во недела, 21 декември, во Сити хол, Скопје.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on