Седми мултимедијален хепенинг за децата од Општина Кисела Вода

Од:

Мултимедијален хепенинг на отворен простор се одвиваше денес во паркот Македонија. Општина Кисела Вода, преку Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура, и годинава ја организира оваа манифестација која има цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу децата.

Како и секоја година, учество зедоа учениците од сите основни училишта од овој дел на Скопје, заедно со учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и од ПОУ „Златан Сремец “. Тие, на слободна тема сликаа, твореа, се забавуваа и се дружеа. Дел од талентираните ученици настапија со музички и музичко-ритмички точки.

Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2018 година. Истиот годинава се одржа по седми пат, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он