Се затвора скопскиот аеродром и сите гранични премини во државата

Од:

Со новата одлука на Владата, се затвораат сите гранични премини во државата и скопскиот Меѓународен аеродром, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Граничните премини се затвораат за странски државјани, освен за влез и транзит на товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица за кои МВР ќе даде мислење од главниот Кризен координативен штаб кој ќе потврди дека постои посебен економски или државен интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во земјава согласно протоколот за заштита на Министерството за здравство, рече Филипче.

Тој информираше и дека со одлука на Владата, се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државно, воени, карго, хуманитарни и празни летови.

Ова ќе стапи на сила по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на одлуката.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи