А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се запали мотор на авион на „Ер Србија“ на скопскиот аеродром

by А1он12/06/2014 - 14:4002/06/2016 - 16:34167
Share0

Сервисери на авиокомпанијата „Ер Србија“ од утрово се на аеродромот „Александар Велики“ за да го испитаат дефектот на авионот на оваа авиокомпанија, кој заради технички проблеми вчера не полета од Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дефектот на авионот бил откриен вчера, непосредно пред полетувањето за Белград. Патници тврдат дека десниот мотор на леталото се запалил.

„Воопшто не ми беше пријатно, забележав само како гори моторот. Веднаш и кажав на стјуардесата дека моторот гори. Таа погледна низ прозорецот и се исплаши од глетката. Во авионот почна да мириса на изгорено. Не паничев, ама веднаш моравме да го напуштиме. Овој момент ќе го памтам цел живот. Многу се исплашив од глетката бидејќи огнот можеше да се прошири. Сепак, на крајот тоа се спречи“, вели за Дневник една патничка, која од Белград требало да патува преку океан.

Според информации од компанијата, пак, станува збор за помал технички дефект. Откако дефектот ќе биде првично саниран, авионот ќе одлета во матичниот сервис-центар во Белград.

Според македонските воздухопловни власти станува збор за број на лет „РО 9212“ кој требало да полета во 4.35 часот вчера, а за сите дополнителни информации околу одложувањето на летот упатуваат одговор да се бара од компанијата.

Следете a1on на Youtube YouTube
pozartransport

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он23/10/2026 - 16:47

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:44

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он10/10/2026 - 08:56

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео