Се запали кола пред плоштадот „Скендербег”, сопственикот бил внатре

Од:

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.

Запалено возило пред плоштадот „Скендербег”, изгасено со брзата интервенција на пожарникарите

– Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Запалено возило пред плоштадот „Скендербег”, изгасено со брзата интервенција на пожарникарите

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот по што за кратко време беше ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип