Се забранува движење на автомобили по кејот кај ГТЦ

Од:

Кафулињата на кеј „13 Ноември“ ќе ги унифицираат летните тераси како дел од проектот на Град Скопје за реконструкција на кејот на Вардар, а автомобилите ќе смеат да се движат само во два точно утврдени термини.

Тој ќе биде одново поплочен, ќе бидат поставени нови клупи и препреки за автомобилите да не се паркираат како досега.

Реконструкцијата ќе чини 88,6 милиони денари кои се обезбени од буџетот на Град Скопје.

„Отстапуваме повеќе место за велосипедистите и пешаците“, вели градоначалникот Шилегов, најавувајќи препреки за автомобилите да не можат да се паркираат.

Терасите кои ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и ќе дојде до израз дрворедот на кејот, кој сега е сокриен од летните тераси на кафулињата.

„Се радуваме на секоја можност градот да дише, да има флуктуација“, вели премиерот Заев кој заедно со градоначалникот Шилегов ја најави реконструкцијата.

Би можело да ве интересира

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ