Се воведуваат мерки против коронавирусот, а во Скопје слободно, се уште со голи раце чепкаат по контејнери

Од:

Без маски и хигиенски ракавици пребаруваат по контејнери, деца питачар на улици среде Скопје во услови на пандемијата со коронавирусот. Покрај децата кои питачат, на улиците во очи паѓаат и оние кои на возачите им нудат чистење на шофершајбните за 10 или 20 денари. На следните семафорите на крстосницата возачите ги чекаат и уличните продавачи кои им нудат хигинески крпи и влажни марамчиња. Но, возачите ги одминуваа најверојатно од страв поради контактот со нив кои немаат никава заштита.

Во една скопска населба, двајца сопружници со голи раце чепкаа во преполни контејнери од кои ѕиркаше секаков вид на отпад, а меѓу нив и употребени ракавици, шишиња од дезинфекциски средства и друг отпад. Во запрежната коњска кола натоварена со вреќа со пластични шишиња ги чекаше нивното малолетно дете кое исто така немаше никаква заштита од вирусот.

Ваквата појава е секојдневие во Скопје. Очигледно овие луѓе не ги плаши коронавирусот, а уште помалку што може и другите да ги заразат. Покрај опасносата да се заразат од оваа болест, не е исклучена можноста да добијат и друга заразни болести или да се затрујат затоа што во контејнерите често се фрла медицински отпад како што се игли и шприцеви, а има несовесни граѓани кои фрлаат и отров за глувци. Човекот кој упорно пребаруваше по контејнерот вели дека не помислува на болест, затоа што децата му се гладни и мора да најде нешто пластика, да ја продаде и да им купи леб.

“Не работиме со жената и мораме да бараме по контејнерите, ако најдеме нешто пластика ќе ја продадеме и ќе земеме 100 денари. Кога сте гладни не размислувате дали е безбедно или не.“, одговори кусо човекот што собираше пластика.

Би можело да ве интересира

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски