Се утврдуваат причините за пожарот во главната зграда на Македонска пошта

Од:

Увидни екипи на МВР се на терен за да ги утврдат причините за пожарот што вчера ја зафати главната зграда на АД „Македонска пошта“ – Скопје, а на местото се уште е присутен и пожарникарски тим.

– Пред објектот дежура едно противпожарно возило со пет пожарникари заради превенција и доколку има потреба да интервенира, изјави изутринава за МИА Благоја Менковски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Тој истакнува дека синоќа пожарникарите професионално и на време интервенирале во, како што посочи, еден од поголемите пожари во Скопје.

Опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Во гаснењето на пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот и 30 минути учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила. Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во „Македонска пошта“.

Едно лице синоќа е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради тешкотии при дишењето. Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска информира дека станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба.

Поради оштетувањата на зградата, управата на АД Македонска пошта – Скопје ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.

Директорот на Македонска пошта Рафиз Алити изјави дека поштата нормално ќе работи.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски