Се уште трае акцијата на МВР за случајот „Машинопромет“

Од:

Се уште е во тек е акцијата на МВР, во која се приведуваат повеќе лица осомничени за кривичните дела „злупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“ за истото дело во случајот „Машинопромет“, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски.

Според Котевски, приведени биле членови на Управниот и Надзорниот одбор, но и сопственици на приватни фирми и службеници на УЈП.

За полицијата е се уште недостапен првоосомничениот Мирослав Шиповиќ, претседател на Управниот одбор на „Машинопромет“, кој ја извршува и функцијата претседател на Советот на општината Центар. Според извори од општината, Мирослав Шиповиќ моментално бил во посета кај неговиот син во Соединетите американски држави. Во полициската акција денеска бил уапсен и неговиот брат, сопственик на приватна фирма.

Сите осомничени се товарат дека спротивно на судското решение за забрана за располагање и оттуѓување на имотот, тие, од 2008 до 2011 година кога започнала и траела претстечајната постапка, носеле одлуки за оттуѓување на имотот со што ги оштетиле и доверителите и буџетот на државата за еден милион евра.

Приведените се на службен разговор во повеќе полициски станици. Нивните имиња нема да се соопштуваат додека трае предистражната постапка и разгледувањето на доказниот материјал.
Сите детали МВР ќе ги соопшти на утрешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар