Се уште се наплаќа за возачки и сообраќајни, одлуката за бесплатна замена е објавена во Службен весник

Од:

Иако Владата донесе одлука сообраќајните и возачките дозволи да се издаваат бесплатно, на терен одлуката се уште не профункционирала. Според информациите и денеска во станиците за технички преглед им било наплаќано на граѓаните за замена на сообраќајните дозволи со новото уставно име.

Вработените на шалтерите велеле дека досега немаат добиено официјално известување за да престанат со наплата.

Од МВР за А1он велат дека одлуката била испратена во Службен весник вчера, а согласно законот би требало да стапува на сила веднаш по објавувањето во службен весник. На сајтот на службен весник има неколку решенија за поништување на одлуки на МВР, меѓу кои и одлука за дополнување на решение за цените на обрасците што ги издава МВР.

Сепак по објавувањето ќе мора да се испочитуваат и процедурите за официјални упатства и известување на сите служби.

„Одлуката за граѓаните да можат да извадат возачка и сообраќајна дозвола без паричен надомест е дадена во „Службен весник“ на 14.02.2024 година. Со одлуката нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка возачка дозвола со натпис „Република Македонија“, со нова возачка дозвола со натпис „Република Северна Македонија“ до 31.12.2024 година. Исто така нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка сообраќајна дозвола за возило со натпис „Република Македонија“, со нова сообраќајна дозвола за возило со натпис „Република Северна Македонија“, до 31.12.2024 година. Одлуката стапува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, велат од МВР за А1он.

Доколку одлуката стапила на сила вчера, замената барем веќе од денес би требало да е бесплатна. Сепак нема прецизна информација дали станиците за технички преглед добиле упатства и кога би се реализирало тоа, односно од кога замената на возачките би била бесплатна.

Што се однесува до налепниците, според МВР, налепници со НМК се доставени во станиците за технички преглед и би требало да ги има. Апелира доколку некој има информации во кои станици нема налепници, да извести за да се изврши проверка.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ