Се уште ја нема 14 годишната Вања – полицијата ќе ја бара и во текот на ноќта, прегледани се камерите

Од:

Се уште ја нема малолетната Вања. Од МВР за А1он велат дека интезивно се трага по девојчето, разговарано е со повеќе лица, а полицијата ги прегледувала и сите камери на местата каде девојчето би можело да се движи, но се уште нема ниту трага од 14 годишната Вања.

„ Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.“, велат од МВР

Утрово на патот кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Дебар Маало во Скопје исчезнала тинејџерката Вања Ѓорчевска. Случајот на социјалните мрежи го сподели нејзината мајка.

„ Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, сподели мајката Зорица Ѓорчевска.

Од МВР велат дека истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција бара помош: Исчезна 15-годишно девојче

Пред шест дена исчезна девојче од Хрватска, семејството моли за помош

Горан Наумовски

Се огласи мајката на Данка: „Само да се врати жива, тогаш ќе зборуваме за се“

A1on

Објавени фотографии од тунелите, Данка ја нема ниту таму

Предраг Петровиќ

Соседот на исчезнатата Данка детално опиша што се случило кобниот ден

Горан Наумовски

Полицајци и пожарникари се упатиле кон местото каде што исчезна двегодишната Данка Илиќ