Се уште ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска

Од:

Се уште ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска. По неа полицијата трагаше и во текот на ноќта. Девојчето го нема повеќе од 24 часа. Таа вчера наутро во 7.20 часот како што објави нејзината мајка излегла за на училиште и од тогаш ја нема. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кох училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

„ Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.“, објавија синоќа од МВР.

Потрагата продолжува и денеска.

Вања била облечена во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје

Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е девојче

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

(ВИДЕО) Исчезна петгодишно девојче на Флорида, полицијата ја пронајде во мочуриште