Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици

Од:

Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ., 19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исчезна петгодишно девојче во Нови Сад

А1он

Србија го активираше системот „Пронајди ме“: Се трага по младата Дуња од Нови Сад

Горан Наумовски

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во Вардар, вклучени и армиските „Волци“

Катерина Ѓуровски

Исчезна 9 годишно девојче во Њујорк, последен пат е видено во бело комбе

А1он

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје