ВИДЕО: Сè уште активен пожарот во Велешко, се шири кон селото Новачани

Од:

Сè уште активен пожарот во Велешко, се шири кон селото Новачани е активен шумскиот пожар што избувна денеска над велешкото езеро „Младост“ и во моментов се шири кон селото Новачани.

Како што информираат од ТППЕ Велес, поради силниот ветер пожарот се раширил во два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга. Постои опасност, поради ветрот огнената стихија да се прошири и кон автопатот Скопје – Велес.

Во пожарот досега не се зафатени хотелите и куќите од викенд населбата, нема жртви ниту повредени.

Со пожарот е зафатена борова шума, а во неговото гаснење се вклучени екипите на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои им помагаат и пожарникарите од Кавадарци, Штип и Свети Николе.

Со два авиона од воздух во гаснењето на огнената стихија е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување, активирана е и подрачната единица на Општина Велес и останатите надлежни институции, како Армијата со еден хеликоптер, и полицијата.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари