Се уредуваат фитнес-зона и мини-голф терен во кејот на Крива Река

Од:

Во минор коритото на Крива Река, на десниот брег на кејот во Крива Паланка се работи интензивно на уредување на теренот за изгардба на финтес-зона на отворено и мини-голф игралиште.

Активностите се дел од проектот проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“ што го имплементираат Центарот за развој на североисточениот планински регион (СИПР) и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете земји.

-Оваа фаза која предвидува градежни работи веќе е во тек од средината на претходнито месец и вклучува изградба на мини голф игралиште спроти градскиот парк, како и модерна фитнес зона во кејот на Крива Река, со реквизити адаптирани за лица со попреченост. Утре ќе биде одржана официјална промоција на проектот, во координација со партнерите од Бугарија и Општина Крива Паланка, во 11 часот во големата општинска сала, а јавниот настан ќе биде реализиран согласно сите препораки и протоколи кои ги налага состојбата со Ковид-19, информираат од Општината.

Во понатамошниот тек на проектот ќе се организираат спортски игри и натпреварувања кои се планира да се востановат како пракса помеѓу младите од пограничниот регион.

Целта на проектот е да се ​​промовира соработка помеѓу регионалните чинители во областа на одржливиот туризам, промоција на здравјето и создавање центар за здравствено и туристичко мрежно поврзување на деца и млади и лица со попреченост.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски