Се трга оградата од Алипашината џамија, се гледа од сите страни на Охрид

Од:

Изградбата на Алипашината џамија во Охрид завршува. Од попладнево тргната е и зелената ограда која беше поставена на врвот околу минарето. Кровната конструкција е со сива боја и златни елементи. Од утрово се работеше на минарето, а работниците се повлекоа во попладневните часови. Сепак се уште не е отстранета целата ограда поставена околу минарето на охридската џамија.

Според неофицијални информации, џамијата ќе биде пуштена во употреба за празникот Бајрам. ИВЗ се уште не потврдува, ниту негира дали оваа информација е точна, а не коментираат ниту во која фаза е реставрацијата на објектот и изградбата на минарето. Минарето се гледа од сите страни на Охрид поради неговата висина.

Премиерот Зоран Заев во предизборниот период ветуваше дека минарето нема да се гради се додека не се завршат разговорите со засегнатите страни. Тој исто така и самиот кажа дека изградбата на објектот не е согласно законите, а на инвеститорот му недостасува градежна дозвола која треба да ја издаде Министерството за транспорт и врски.

Откако на последната прес-конференција новинарите му кажаа на премиерот дека е поставена куполата, а градбата е пред крај, тој рече дека не може да пушта булдужер за да го сруши објектот и повторно уверуваше дека законите ќе преовладале.

Граѓанското здружение „Совест“ од почетокот на градбата укажуваше дека станува збор за дивоградба и непочитување на законите, но институциите не постапуваа. Ваквиот однос, власта го правдаше со меѓуетнички соживот, иако обвинувањата се дека изградбата на минарето на џамијата е услов за опстанок на коалицијата СДСМ-ДУИ.

„А1 он“ и претходно објави дека ИВЗ и Владата имаат заеднички договор дека ќе се направат отстапки во висината на минарето, кое, наместо 32, ќе биде 25 метри, за да се затворат спорните прашања. Отворено останува само прашањето за правната регулација на овој договр. Премиерот Заев го негира ваквиот договор, а од ИВЗ немаат конкретен одговор.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице