Се судриле автобус и автомобил во Скопје, во несреќата прегазена 26-годишна девојка

Од:

26-годишна девојка од Скопје настрада во сообраќајна несреќа помеѓу автобус и „фолксваген поло“ на булеварот „Никола Карев“.

„Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско, при што бил удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници