Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Од:

МВР извести дека вчера во 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот „Никола Карев“ со улицата „Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат 500“ управувано од А.М.С.(35) од Скопје и возило „шевролет спарк“ управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобила малолетничката, констатирани во градската болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања