Се создаваат услови за дислокација на жителите од Старата касарна во Кочани

Од:

Општина Кочани ја започна постапката за изработка на локална урбанистичко-планска документација со намена за домување во индивидуални станбени објекти, по чија изградба ќе бидат дислоцирани дваесетината семејства кои нелегално се вселени во објектот на старата касарна.

– Се работи на нов потег што е надвор од Генералниот урбанистички план. Парцелата со површина од 2,96 хектари, земјиште во сопственост на Република Македонија, се наоѓа на северниот дел на Кочани, источно од Фабриката за вода. Во планскиот опфат се планирани најмалку 20 градежни парцели, соопшти одговорното лице за водење на постапката, Марија Салтирова Јовановска.

За обезбедувањето соодветни услови за сместување на стотината жители на Старата касарна се разговараше и при престојот во Кочани на министерот без ресор Аксел Ахмедовски. Притоа беше изнесен заеднички заклучок дека и за централната и за локалната власт решавањето на ова прашање има приоритет.

– На проблемот со нелегалното вселување во старата касарна му даваме посебно внимание и за него бараме долгорочно решение, а во соработка со Владата, односно со министерот без ресор задолжен за ромски прашања, дејствуваме брзо и координирано. Откако ќе биде изработена техничката, односно проектната документација, ќе ја поднесеме апликацијата за финансирање на овој проект преку Стратегијата за ромски прашања, од каде очекуваме финансиска поддршка за негова конечна реализација, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Според Илијев, спречувањето на дивото вселување во старата касарна и на узурпацијата на градежното земјиште се дел од главните прашања за локалната самоуправа на Кочани во делот спроведувањето на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот