Се собираат донации за помош на македонските медицински сестри од Ковид-центрите

Од:

Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри предводена од Здружението „За нас“ соопшти дека почнала кампања за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Целта, како што посочуваат од унијата, е со финансиски средства, лекови, течности и суплементи да им се помогне на медицинските сестри кои во моментов се соочуваат со борба за своето здравје и здравјето на пациентите.

– Извршниот одбор на Здружението одлучи месечната членарина за овој месец да ја донира за оваа кампања. Со овој мал симболичен придонес, од нас за нас, ќе успееме да помогнеме во одредени сегменти и да обезбедиме барем дел од неопходните суплементи за медицинските сестри. Кампањата почна во текот на минатата недела и голем дел од општествено одговорните компании веднаш се приклучија. Според изјавите на дел од медицинските сестри кои работат во ковид центрите неопходно им беше да имаат можност за редовна хидратација. Поради дополнителната заштитна униформа и протоколи за работа во овие топли денови им се потребни течности. Токму затоа уште еднаш изразуваме голема благодарност до компаниите кои донираат вода и производи од нивниот асортиман, нагласуваат од Здружението.

Тие изразуваат надеж дека овој пример на големи хумани срца ќе го продолжат и останатите компании во земјава со што ќе помогнат за полесно пребродување на кризната состојба во која се наоѓа најголем дел од сестринската професија.

– Од вчерашниот ден во функција е и бројот за донации на T-Mobile 143 141 преку кој сите граѓани кои се во можност може да донираат по 100 денари од повик. Исто така отворена е и специјализирана жиро-сметка за донации (210-0720099401-26, НЛБ Банка) на која сите добронамерници може да донираат средства за помош на медицинските сестри кои се борат против коронавирусот, додаваат од Здружението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Бешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците