Се скарал со сопругата па ја запалил куќата во Македонски Брод

Од:

Полицијата од Македонски Брод вчера го уапсила Д.В.(66) од село во Македонски Брод затоа што, по претходна расправија со неговата 63-годишна сопруга, предизвикал пожар во семејната куќа, која целосно изгорела.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица македонски Брод, а Д.В. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип