Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Од:

Се шири силниот пожар кај Дојран и е дојден пред селото Николиќ, а секој момент се очекува поддршка за гаснење од хеликоптер на МВР со ведро од три тони.

Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пожарот бргу се шири и упатено е барање од нивна страна за поддршка за гаснење од воздух.

-Очекуваме секој момент да дојде поддршката од хеликоптер, а пожарот се шири со голема брзина. Пожарот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“, но теренот е непристапен и тешко оди смирувањето на огнената стихија, изјави за МИА градоначалникот на Дојран, Ангов.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), постои опасност од брзо ширење на пожарот заради ветрот и оттаму потврдуваат дека е упатен големиот хеликоптер на МВР со ведро од три тони.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски