Се санираат штетите по вчерашното невреме во Центар

Од:

Советниците загрижени за безбедноста на граѓаните на општина Центар, после невремето излегоа на терен за да ги утврдат состојбите и да превземат мерки.

„Јас заедно со советникот Ѓошо Вангелов, кој е командант на штабот за Цивилна заштита и Нико Николовски од Инспекцијата за домување при општина Центар, утврдивме дека на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „Народен фронт“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, „50 Дивизија“, „Пролет“, како и пред ТЦ „Соравија“ и Народна Банка на РМ, беа паднати дрва кои во голем дел ги попречија движењата на возилата и пешаците низ општина Центар и поклопија автомобили, но за среќа не беа оштетени.

– Во текот на вчерашниот ден инспекциските екипи излегоа на терен за да ги утврдат штетите кои настанаа од вчерашното невреме.

– Вчера, општина Центар имаше исклучително добра соработка со ЈП Паркови и зеленило, со нивниот директор Душан Авировиќ кој заедно со своите екипи беше на терен. Сите наши информации за штетите направени од вчерашното невреме, од ЈП Паркови и зеленило веднаш биле санирани.

– Денеска екипите на ЈП Паркови и зеленило продолжуваат да работат во Градскиот парк, во паркот на Франкофонијата каде што има паднатo огромно дрво и е направена голема штета.

Исто така, екипите од Комуналниот ред при општина Центар и денеска се на терен кои го расчистуваат крупниот отпад предизвикан од вчерашното невреме“, изјави Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски