Се самоубил жител на Црничани

Од:

Вчера претпладне во Општата болница во Гевгелија, на хируршкото одделение, примен е маж на 31-годишна возраст со прострелна рана од огнено оружје во челото, на која подоцна ѝ подлегнал.

Од првичните сознанија на полицијата, која дојде на увид во болницата, се работи за самоубиство на жител од село Црничани, општина Дојран, кој си го одзел животот наводно поради семејна трагедија.

Неговите родители пред две години беа најдени во пластениците со раноградинарски култури починати на самото место од струен удар од необезбедената електрична инсталација на уредите во пластениците.

Ѓ.Р.  живеел со својата сопруга, но кои биле конкретните мотиви за да си посегне по животот ќе покаже истрагата, за која сè уште нема официјални наводи.

Полициската станица од Гевгелија сè уште нема излезено со официјални податоци за случајот,  за чие разјаснување продолжува истражната постапка. Секторот за односи со јавноста при СВР Струмица, во чија надлежност припаѓа и ПС Гевгелија, во текот на целиот работен ден остана недостапна за контакт и без објаснување за случајот.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип