А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се решава проблемот со бездомни кучиња во Крива Паланка

by А1он29/05/2018 - 13:06236
Share0

Hад седумдесет кучиња-скитници гравитираат на подрачјето на општина Крива Паланка, поради што општината почна со интензивни активности на терен за решавање на овој проблем.

Добивај вести на вибер

Веќе е склучен договор со лиценцирана фирма за заловување и третирање на бездомните кучиња на територијата на општината Крива Паланка и отпочна да врши заловување на кучињата.

Општинските служби за информирање посочуваат дека отпочната е имплементација на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, во делот на контрола на популацијата на кучињата во градот и приградските населби.

– Оваа активност покрај тоа што претставува законска обврска, е резултат и на големиот број на поплаки од страна на граѓани во изминатиот период. Периодов надлежните инспекциско-редарски служби извршија теренско согледување и анализа на бројот на кучиња кои слободно се движат на одредени територии, при што е констатирано дека по улиците и населбите има над 70 – тина кучиња, од нив околу 20 – тина кучиња имаат соодветни обележја на вратот, што укажува на фактот дека веројатно истите имаат сопственици, информираат од општината.

Оттаму апелираа до сите сопственици на кучиња да бидат одговорни, односно согласно законската регулатива и одговорно сопствеништво, посочувајќи дека општината нема да носи никаква одговорност ако бидат заловени некои од кучињата кои се неконтролирано пуштени во населбите и по улиците.

Од страна на надлежните служби во тек е лоцирање на неодговорните сопственици кои ги напуштаат домашните миленици и против нив ќе бидат преземени соодветни мерки.

Согласно укажувањата на Агенцијата за храна и ветеринарство, општината Крива Паланка во најскоро време ќе донесе програма и буџет наменет за субвенционирање на кастрација и ојаловување на женските кучиња кои имаат сопственик со што ќе се промовира одговорното сопствеништво, а крајниот резултат ќе биде намалување на бројот на бездомните животни.

Агенцијата за храна и ветеринарство е во фаза на набавка на 100.000 микрочипови со кои бесплатно ќе се идентификуваат кучињата кои се чуваат како домашни миленици, заради што е потребно сопствениците своите кучиња миленици да ги пријават во ветеринарните станици.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен