Се реновира земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци

Од:

Успешно е реализирана уште една фаза од реконструкцијата на зградaта на средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Денес во присуство на претставници од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), од општината Кавадарци, како и од изведувачот и надзорот на градежните работи, беше извршен технички прием на реконструираниот под во училиштето. Според проектот, извршена е целосна реконструкција на стариот и оштетен под на трите нивоа во објектот, со вкупна површина од 700 метри квадратни, а се поставени нови плочки. Финансиската конструкција ја обезбедиа УСАИД во износ од 998.480 денари и општината со сопствено учество од 562.000 денари. Изведувач на работите беше фирмата „АНОЛ ИМПЕКС“ од Скопје, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Проектот на УСАИД за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ во кој е вклучена и општина Кавадарци, се реализираше во средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“, а се однесува на поставување на нови подови и прозорци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак