Се реновира Одделението за физикална медицина во Битола

Од:

Менаџментот на Клиничката болница во Битола почна целосното реновирање на Одделението за физикална медицина и рехабилитација.

Со проектот за целосна реконструкција опфатен е и базенот во тоа одделение кој долги години беше надвор од употреба.

– За брзо време базенот ќе се стави во функција, за жал по десетгодишно неработење. Обезбедена е целосна финансиска поддршка од голем број донатори, стопанственици и хумани пријатели од нашиот град. Од се срце им се заблагодаруваме за целокупната помош и дадената можност сите заедно, за краток временски период, повторно да го ставиме во функција Одделот на хидротерапија, како и некогашната гордост на болницата, базенот. Многу набрзо пациентите од Битола и целиот југозападен дел на Македонија ќе можат да ги користат услугите на базенот, истакна Зоран Лазаров, директор на Клиничка болницата Битола.

Со целосната реконструкција и обнова на Одделението за физикална медицина и рехабилитација опфатен е и санитарниот дел, кој е нефункционален и надвор од потребните стандарди за јавна здравствена установа.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките