Се реконструира улицата „Јуриј Гагарин 6“ во Козле

Од:

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје почнаа со асфалтирање на улицата „Јуриј Гагарин 6“, во населбата Козле. Станува збор за реконструиран коловоз во должина од 35 метри.

На заедничка прес-конференција градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ се осврнаа на поголемиот број инфраструктурни зафати што се реализираа во Карпош.

– Во изминатава недела со ова јавно претпријатие преку Договорот за меѓуопштинска соработка го направивме и пристапниот пат кај комплексот згради Порта Козле. Овој пат претставуваше вистинска потреба за граѓаните од овој дел на Карпош, со цел да им се олесни пристапот до нивните живеалишта, но и да се зголеми безбедноста на целиот потег, рече Богоев.

Тој информира дека се обезбеди и инфраструктурно поврзување на сервисната улица „Прашка“ со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во населбата Тафталиџе, со што се обезбеди поголема сигурност и пристапност за граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош.

Смаиловиќ потенцираше дека ЈП „Улици и патишта“ ќе ја продолжи соработката со општина Карпош и во другите урбани заедници.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство