Се реконструира ученичкиот дом во Кавадарци

Од:

Се реконструира ученичкиот дом во Кавадарци, проект на Владата и Министерството за образование и наука вреден околу пет милиони денари. Се менува столаријата, се реновираат санитарните јазли. Увид во работите денеска изврши кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Со средства од општината, претходно беше извршена замена на подовите во домот. Панов информираше дека со финансиски средства од локалниот буџет ќе се набават нови душеци за креветите во интернатот.

– Со тоа ќе имаме комплетно реконструирани институции од ваков вид во општината, без разлика што домот не е под надлежност на локалната самоуправа, нагласи градоначалникот.

Директорката Трајанка Толева појасни дека се реновира целиот втори кат, 14 простории плус ходници. Ова е прва реконструкција во домот кој постои околу четири децении.

Советникот во Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, потсети на времето кога и самиот престојувал во овој дом, посакувајќи учениците кои престојуваат тука, да имаат што е можно подобри услови за живот додека се школуваат.

Капацитетот на ученичкиот дом е сто ученици. Реновирањето треба да заврши до крајот на август.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он