Се реконструира манастирскиот комплекс „Св.Архангел Михаил“ во Берово

Од:

Започнуваат градежните активности за реконструкција на 200 години стариот манастирски комплекс „Св Архангел Михаил” во Берово. Според надлежните станува збор за проект од големо национално значење и проект кој ќе обезбеди заштита на културното наследство и традицијата.

-Во првата фаза од проектот, променета беше кровната конструкција, а во втората фаза предвидено е целосно да се заштити манастирот, преку дренажа на надворешниот дел околу црквата, промена на подната конструкција и конструкцијата под подот, промена на бетонски дотраенистолбови на црквата и на електриката, информираа надлежните.

Градоначалникот Звонко Пекевски информираше дека изведувачот на активностите веќе е воведен во градба.

-На мое големо задоволство, одобрени се средства од Министерството за култура, за реконструкција на нашето двевековно духовно богатство и веќе изведувачот е воведен во градба, за да се пристапи кон реализација на овој проект, кој е од витално значење во зачувувањето на нашите непроценливи вредности, истакна Пекевски.

Средствата во износ од околу 3 милиони денари за реализација на овој проект се обезбедени од Програмата за проекти од национален интерес на Министерството за култура, преку Општина Берово.

Карактеристично за овој манастир е двовековната непрекината традиција со женско монаштво, изработката на мозаици од вредните раце на монахињите и разиграниот конак, кој со својата дрвна конструкција обликувана во староградски стил, привлекува со својата реткост и топлина.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово