Се реконструира дел од улицата „Јужноморавски бригади“

Од:

Улицата „Јужноморавски бригади“ ќе се реконструира во должина од 920 метри и ширина од шест метри, на потегот од семафорите кај паркот во Ченто до сервисот „Дамевски“.

Увид во градежните работи на улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата Ченто денеска извршија градоначалниците на Град Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.

– Градежните работи на оваа делница од улицата „Јужноморавски бригади“ се во тек и согласно со димамиката, очекувам наредната недела да почне асфалтирањето. Оваа улица се реконструира како дел од акцијата за реконструкција на патната и комуналната инфраструктура во подрачјата зафатени од елементарната непогода минатиот август, рече Трајковски.

Во рамки на оваа акција, како што рече, досега е завршена реконструкцијата на улици со вкупна должина од над 25 километри во сите населени места.

– Активностите интензивно продолжуваат на терен, каде што во моментов се реконстуираат улиците и во Камник, 4 улици во Црешево, улицата број „14“ во Синѓилиќ, а од наредната недела ќе продолжат активностите во наслените места Економија и Булачани, нагласи Трајковски.

Градоначалникот Трајановски посочи дека улицата „Јужноморавски бригади“ е една од најважните улици во населеното место Ченто која, како што рече, ја користат голем број жители и води и до гробиштата во Камник.

– Оваа улица беше многу оштетена од поплавите и од таа причина влезе во програмата за реконструирање. Град Скопје издвои 150 милиони денари за реконструкција на оштетената инфраструктура во населените места погодени од минатогодишните поплави, кои се реализираат дел преку ЈП „Улици и патишта“, а дел беа дадени на општина Гази Баба која ангажираше други компании за реконструкција на инфраструктурата, потенцира градоначалникот Трајановски.

На реконстуркцијата на овој дел од улицата „Јужноморавски бригади“ ќе работат екипите на градежната компанија „Македонија пат“.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје