Се реактивира научно-стручното списание на МВР „Безбедност“

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа прв состанок со меѓународно уредувачкиот одбор со еминентни професори од повеќе високообразовни институции, меѓу кои и професори од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, предводени од деканот проф.д-р Никола Дујовски, во врска со иницијативата за возобновување на научно-стручното списание на Министерството за внатрешни работи – „Безбедност“, што претходно во континуитет излегуваше од 1960 до 1998 година.

Според Спасовски, реактивирањето на научно стручното списание ќе биде од полза како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за делот од академската заедница кој се занимава со сферата на безбедноста, но и за пошироката јавност.

– Притоа, особено е важно што идејата во основа не само што цели кон обновување на списанието, како публицистички производ, туку и кон негово меѓународно етаблирање како научно-стручно списание што ќе нуди можност за пласирање квалитетни, домашни и странски, стручни трудови и теми од областа на безбедноста. Интенцијата е да се формира, меѓу другото, и меѓународен програмски одбор составен од научни работници од најмалку три земји, со што ќе се овозможи индексирање на публикацијата во најмалку една елетронска база на списанија со трудови достапни на интернет како Ebsco, Web of Science, или SCImago Journal Rank. Истовремено публикацијата што би се печатела два пати годишно би се печатела и на англиски јазик, појаснуваат во денешното соопштение од МВР.

На средбата биле прецизирани рокови за технички подготовки на списанието чиј што нов број се планира да излезе до крајот на јуни годинава.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР