Се размислува за нова вонредна состојба и полициски час поради есенскиот бран на коронавирусот

Од:

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час, вели за „А1он“ Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките.

„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме, зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, вели директорот Стојанов за „А1он“.

Тој апелира да се носат маски оти, засега, нема друга алтернатива за заштита од вирусот, но разочаран е од олабавениот однос на граѓаните кои во секој момент може да станат пациенти.

„Сведоци сме дека други земји ги затвораат кафеаните, еве на пример Белгија, а ние се соочуваме со притисоци од угостителите поради мерките што ги предлагаме. Сведоци сме и дека цело лето не се почитуваат мерките. Имаше групирања, неносење маска, а исто е и сега. Не носат маска додека се на работа, велат колеги им биле, а протоколот е јасен – маска треба да се носи и на работа“, вели директорот Стојанов.

Поради широката распространетост на вирусот Стојанов вели дека веќе одамна нема кластери кои може да се следат. Единствен кластер во моментов се шесттемина позитивни пациенти во Психијатриската болница Бардовци за чии контакти веќе се направени епидемиолошки анкети и одредени изолации.

„Насекаде гледаме групирање. Без разлика дали е по автобуси, на автобуски постојки, пред банки, на Зелен пазар, на свадби или по слави, а најголем е проблемот во Скопје“, објаснува директорот Стојанов.

Во Скопје, според вчерашните бројки, има 1.969 активни заразени со кронавирус. Вкупната бројка на активни случаи во земјава е 4.236.

Вчера беа регистрирани рекордни 445 новозаразени за едно деноноќие.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска