Се разгледуваат уште две алтернативни локации за преселба на центарот за зависници во Кисела Вода

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации.

– Идентификувавме неколку објекти каде би можеле да го префрлиме Центарот. Наидовме на отпор од компаниите во Општина Гази Баба, но има уште две алтернативи што ги разгледуваме и ќе ги искомуницираме убаво со околината за да не се соочиме повторно со таков проблем. Ве уверувам дека решение ќе најдеме, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на иницијативите за младински политики од граѓанскиот сектор во Владата.

Во коментар на препораките од невладиниот сектор за отворање четири центри за третман на зависници, Филипче истакна дека засега е најдобро сегашното централизирано решение со оглед на недостигот на персонал.

– Една од опциите беше дисперзија, но се соочивме со недостаток на кадар. Не можеме да обезбедиме четири центри и притоа на сите четири места да се соочиме со ваков проблем како што се соочуваме сега и притоа да немаме кадар и да обезбедиме соодветни услови. Затоа сметам дека ова се уште треба да биде централизирано, на едно соодветно место, каде што ќе се концентрира експертизата и ќе има екстра просторни услови повеќе од сегашните со дополнителни услуги. Третманот сега е сведен на еден несоодветен начин, меѓу другото и заради тој проблем. Верувам дека во периодот што доаѓа ќе има решение, рече Филипче.

Тој најави дека ќе се формира стручна комисија за неодамнешниот случај со смртта на родилка од Охрид и посочи дека вчера се идентификувани нејзините членови.

– Не сакам да коментирам ништо додека стручната комисија не направи увид во процесот на лекување на родилката во сите институции каде што била, рече Филипче посочувајќи дека за тие активностите ќе бидат потребни неколку недели, но потоа ќе има конкретни податоци.

Би можело да ве интересира

Досега вакцинирани 32.653 лица со МРП вакцина, минатата недела нови 10 заболени

Ана Ололовска

Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Ана Ололовска

Во Галичник почнува со работа летната патронажна медицинска служба

Ана Ололовска

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, просечно стари по 11 години

Ана Ололовска

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата кај кумановско Черкезе, институциите подготвени да делуваат

Татјана Ташкова

Се бара помош за опожарените станови во Кисела Вода

Мери Јордановска