Се разгледува можноста сите кои се во викенд куќи во близина на Маврово и Ростуше да бидат пуштени да одат дома

Од:

Владата ја разгледува можноста за лица кои во време на прогласување Дебар и Центар Жупа да бидат прогласени за кризно подрачје, биле во своите викенд куќи кои се во непосредна близина на Маврово и Ростуше, да им се дозволи излез од тие места. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на тие граѓани ќе им се извршат лекарски прегледи, па доколку Минситерството за здравство дозволи, тие ќе бидат спроведени од викенд куќите до излезот од кризното подрајче.

„Во соработка со Министерството за здравство и Центарот за управување со кризи, на соодветен начин, се разгледува можноста сите кои се затекнати во своите викенд куќи и истите се наоѓаат во подрајчата каде има кризна состојба, во непосредна близина на Маврово и Ростуше, тоа се Гари, Лазарополе и други мали населени места, безбедно да ги напуштат своите викенд куќи. Во текот на денешниот ден, од страна на епидемиолог од Министерството за здравство, се изврши увид во здравствената состојба на овие лице, при што, доколку се дозволи од страна на МЗ и здравствениот инспекторат, со посебна дозвола овие лица да бидат извлечени надвор од периферијата. Доколку пак, се одлучи на истите лица ќе им бидат пакети со храна, средства за дезинфекција и лекови“, рече Чулев.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска