Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 22 ноември, со пиштол кој го поседувал без дозвола, осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое дошло во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.

Околу поправката настанала вербална расправија меѓу нив, по што оштетениот го турнал осомничениот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, осомничениот влегол во куќата и револтиран го зел пиштолот “Црвена застава” со калибар 7,65 мм што го поседувал неовластено и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.

Бидејќи постојат законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка