Се расчистуваат каналите и вадите во кочанско за новата наводнителна сезона

Од:

Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ од Кочани започна со чистењето на земјените канали и вади преку кои водата се дистрибуира до полињата со цел да се обезбеди квалитетна наводнителна сезона, согласно планот за наводнување во 2017 година.

– За годинава се планира да бидат исчистени 50 километри канали за наводнување во атарите на неколку полиња во Кочанско. За прв пат после толку години од работењето на Водостопанство „Брегалница“ се започна со чистењето и подготовката на каналската мрежа во месец февруари. Ова значи дека оваа наводнителна сезона ќе биде доста успешна, изјави Николчо Гоцев, директор на кочанскато водостопанско претпријатие.

Почетокот на наводнителната сезона, истакнува Гоцев, е закажан за 15 април, до кога се очекува основната и деталната каналска мрежа да бидат целосно ставени во функција, иако многу нешта ќе зависат и од временските услови.

Според планот за сеидба годинава под ориз ќе се насеат 5.000 хектари, што е за околу 700 хектари повеќе од лани. Состојбата со акумулираните количества вода е оптимална за овој период од годината, а се очекува дека до почетокот на наводителната сезона, вештачките езера Калиманци, Ратево и Градче ќе бидат со максимален капацитет.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски